Top Sport

Историски скок на Валиева – Русија го освои тимското злато во уметничко лизгање

Олимпискиот тим на Русија освои златен медал во екипна конкуренција во уметничко лизгање. Младата Камила Валиева испиша нова историја на Олимписките игри, бидејќи стана првата натпреварувачка што изведе целосен четирискок.

Благодарение на совршениот скок на Валиева (две десетки), Русија вкупно освои 74 поени.

Во тимот со Валиева беа Марк Кондратјук, Анастасија Мишина и Александар Гаљамов, Викторија Синицина и Никита Кацапалов.

Тимскиот натпревар е дел од олимписката програма од 2014 година. Русија во Сочи го освои златниот медела, а во Пјонгчанг во 2018 година победи Канада. Канаѓаните во Пекинг не успеаја да освојат медал, натпреварот го завршија на четвртото место.

Среброто им припадна на САД со вкупно 65 поени, а бронзата со 63 поени ја освои Јапонија.

Scroll to Top