Top Sport

Историско остварување, квалификантката Радукану го освои Ју-ес опен

Ема Радукану испиша историја на Ју-ес опен. Британката, во тинејџерското финале, ја победи Лејла Фернандес со 6/4, 6/3. Радукану, која настапот во Њујорк го започна во квалификациите без загубен сет успеа да ја освои титулата. На патот до финалето таа ги победи Стефани Фогел, Шуаи Женг, Сара Сорибес Тормо, Шелби Роџерс, Белинда Бенчиќ, Марија Сакари и Лејла Фернандес.

Тинејџерките одиграа одлично финале, кое траеше 110 минути. Радукану подобро, направи брејк во вториот гем, кога поведе со 2:0. Канаѓанката се врати со ри-брејк во четвртиот гем. Потоа следуваше голема борба, тенисерките го држеа својот сервис, се до десеттиот гем кога Фернандес попушти пд притисокот.

Почетокот на вториот сет и припадна на Ферндес. Со брејк дојде до предност од 2:1. Од тој момент Радукану се разбуди, нанижа четири гема, а во осмиот на сервис на Фернандес не искористи две меч топки.

Она што го пропушти во осмиот го реализираше во деветтиот гем, ја искористи четвртата меч топак за конечен триумф.

На крајот двете беа во минус кога станува збор за винерите и неизнудените грешки. Радукану имаше 23 винери и 25 грешки, а Фернадес 18 винери и 26 грешки.

Радукану по 44 години и Вирџинија Вејд и донесе гренд слем титула ба Велика Британија.

Scroll to Top