Top Sport

Историско остварување на неверојатната Бајлс

Американската гимнастичарка Симон Бајлс го собори рекордот на Виталиј Шербо од Белорусија според бројот на освоени медали на светските првенства.

Бајлс на светското првенство во Штутгарт освои златен медал на греда со што стигна до 24 медал на Мундијалите.

Инаку ова за неа беше 18 златен медал, а четврти на првенството во Германија.

На греда среброто го освои Лиу Тингтинг од Кина, а бронзата и припадна на нејзината соработничка Ли Шија.

Scroll to Top