Top Sport

Италија и Русија ќе се борат за трофејот на АТП купот

Репрезентациите на Италија и Русија ќе се борат за трофејот на АТП купот во Мелбурн. Во полу-финалните мечеви Италија ја победи Шпанија, а Русија беше подбра од Германија.

Без својот најдобар играч, Рафаел Надал, Шпанците не успеаја да им се спротивстават на Италијаните. Надал не одигра ниту еден меч на АТП купот поради проблемите со грбот.

Првиот поен на Италија и го донесе Фабио Фоњини, кој по 139 минути борба, го победи Пабло Карењо Буста со 6/2, 1/6, 6/4. Мечот го реши Матео Беретини, кој за 80 минути, го победи Роберто Баутиста-Агут со 6/3, 7/5.

Слично како и Италија и Русија, победата над Германија ја обезбеди во сингл-мечевите. Германците потоа во дубл го освоија почесниот поен.

Андреј Рубљов, со пресврт, славеше над Јан-Ленард Штруф 3/6, 6/1, 6/2, додека Данил Медведев, по голема борба го победи Александар Зверев со 3/6, 6/3, 7/5.

Scroll to Top