Италија ја шокираше Србија среде Белград и ја освои титулата на Европското првенство во одбојка, во женска конкуренција. Пред рекорден број на гледачи на едно одбојкарски меч во женска конкуренција, 20.565, Италијанските славеа со 3:1 (24:26, 25:19, 25:22, 25:11).
Србинките кои ја бранеа титулата го добија првиот сет на разлика, во вториот Италијанките направија пресврт во финишот, кога ја стигнаа предноста на Србија од четири поени. Србија го диктираше ритамот во третиот сет имаше предност од пет поени, но од резултатот 12:8 играта на домаќинот се распадна. Италијанските го освоија третиот сет, а во четвртиот буквално ја растурија Србија.
Егону со 25 и Сила со 20 поени ја предводеа Италија до титулата, на спротивната страна Бошковиќ освои 21, Поповиќ 13 поени.
Бронзата на Европското првенство ја освои Турција со максималната победа над Холандија.