Top Sport

Италијанците ја шокираа Унгарија за полуфинале на СП во ватерполо

Првите фаворити за златото на Светското првенство во ватерполо, Унгарија, доживеаја шокантен пораз во четврт-финалето од Италија од 11:10, за првпат по подолго време да не се борат за медал на едно големо натпреварување.

Унгарците имаа 3:2 водство по првата четвртина пред гласната публика во Будимпешта, за потоа Италијанците да направат неверојатен пресврт во втората, добивајќи ја со 4:1. До последната четвртина, предноста на „аѕурите“ беше четири гола 11:7, но Унгарија успеа да се врати за драматичен крај, во кој сепак, не успеаја да ја направат целосен пресврт. Италија обезбеди полуфинален меч со Грција, која утрово ја совлада репрезентацијата на САД.

Претходно, Црногорците не успеаја вторпат во својата историја да стигнат до полуфинале на Мундијалот, по тесниот 7:6 пораз од Шпанија, која ќе се бори со Хрватска за место во финалето. Популарните „ајкули“ на 50 секунди пред крајот имаа напад за израмнување, но Богдан Ѓурѓиќ ја погоди пречката.

СП БУДИМПЕШТА, 1/4 ФИНАЛЕ

Грција – САД 16:11 (3:1, 4:6, 3:0, 6:4)

Хрватска – Србија 14:12 (1:1, 4:3, 5:5, 4:3)

Шпанија – Црна Гора 7:6 (2:1, 3:2, 1:2, 1:1)

Унгарија – Италија 10:11 (3:2, 2:4, 1:2, 4:3)

ПОЛУФИНАЛЕ

Хрватска – Шпанија

Грција – Италија

Хрватска ја совлада Србија за полуфинале на Светското првенство

Scroll to Top