Top Sport

Италијанецот Сонего пак победи во Кицбил со спасена меч топка

Италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего (56-ти на АТП) повторно беше на чекор до пораз, но не се предаде. Ќе игра во четвртфиналето на АТП тенискиот турнир во Кицбил.

Денеска Сонего при предност од 1-0 во сетови и 5-2 во вториот гем за Шпанецот, Роберто Карбаљес Баена успеа најпрво да спаси меч топка, да го земе вториот сет, а по голема борба во третиот сет со 7-6 да се избори за премин во следна фаза.

Сонего на сличен начин го помина и првото коло во Кицбил. На мечот со Аргентинецот Делбонис спаси дури 8 меч топки и на крај славеше победа со 2-1 во сетови.

Следен противник на Италијанецот е ветеранот Фернандо Вердаско кој со 2-0 славеше над Словакот Јозеф Ковалик.

Во четвртфиналето на турнирот место обезбеди и Французинот Жереми Шарди кој беше подобар од Србинот Душан Лајовиќ со 2-1 во сетови.

Scroll to Top