Top Sport

Ауди куп: Пенал рулетот таличен за Тотенхем, Боатенг е трагичарот!

Тотенхем и Баерн Минхен одиграа интересен, возбудлив и ефикасен меч во финалето на Ауди купот во Минхен, Германија.

Регуларните 90 минути на мечот завршија нерешено, 2-2 иако гостите од Англија на полувремето имаа минимална предност од 1-0 со голот на Лемела во 19 минута.

Сепак во вториот дел, тренерот на Тотенхем, Покетино и стратегот на Баварците, Ковач решија да направат повеќе измени за да ја проверат формата на повеќето фудбалери.

Во 59 минута Ериксен на асистенција на Хари Кејн погоди за 2-0 на мечот. Домаќините не се предадоа. Намалија на 2-1 со голот на Арп во 61 минута, а на 2-2 израмни Дејвис, по асистенција на Томас Милер во 82 минута од мечот.

По ударите од белата точка кај Баерн во првата серија промаши Алаба, но веднаш во наредната серија „му се реваншираше“ Ериксен од Тотенхем.

Останатите фудбалери од двата тима беа прецизни се до 6-5. Тогаш кај Баварците пеналот го промаши искусниот Жером Боатенг и купот отиде во рацете на Тотенхем.

Scroll to Top