Top Sport

Италијанска драма во Мелбурн – Фоњини го победи Карузо

Драма на италијански начин. Вака може да се опише мечот помеѓу Фабио Фоњини и Салваторе Карузо, одигран во второто коло на Австралија опен Победникот беше решен во супер тај-брејкот, во петтиот сет, а на крајот драмата беше зачинета со вербална расправија помеѓу тенисерите.

Фабио Фоњини го победи Салваторе Карузо со 4/6, 6/2, 2/6, 6/3, 7/6 (14:12). Мечот траеше три часа и 47 минути.

Во првите четири сета воопшто немаше драма, во тие сетови, еден или два брејка беа доволни да се освои сетот.

За разлика од првите четири, петтиот понуди буквално се, особено тај-брејкот. Карузо успеа да поведе со 5:1, Фоњини се врати со четири поени во низа, потоа и да поведе со 8:7, а пропушти и две меч топки на 10:9 и 12:11, додека Каурзо имаше меч топка при резултат 11:10.

Италијанската пресметка на крајот доби и шестти сет. Откако се поздравија на мрежата Фоњини и Карузо започнаа жестока расправија, на италијански начин, мавтаа со рацете, викаа еден на друг, поради што луѓето од организацијата влегоа на теренот и ги раздвоија.

Фоњини во наредната рунда ќе игра против најдобриот Австралиски тенисер Алекс Де Минор.

Scroll to Top