Top Sport

Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети во полуфиналето на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети во четвртфиналето на Вимблдон го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:2, по сетови 3:6, 7:6, 6:2, 3:6, 6:1.

По голема борба, Музети за три и пол часа го совлада Фриц и закажа дуел со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон.

Италијанецот го загуби првиот сет против Американецот, кој направи брејк во четвртиот гем и со тоа дојде до недостижна предност за Музети во првиот дел од мечот.

Во вториот сет тенисерите разменија по два брејка, а Музети ја спаси сет-топката, за да израмни Италијанецот во тај-брејкот.

Музети направи два брејка во петтиот сет и доста лесно одигра против Американецот.

На крајот од дуелот Фриц во еден момент се лизна, но се чини дека се помина без поголеми последици за тенисерот.

Италијанскиот тенисер со пласманот во полуфиналето го постигна најголемиот успех во кариерата на Грен слем турнирите.

Музети против Ѓоковиќ играше шест пати и успеа да забележи еден триумф.

На Ѓоковиќ мечот без борба му го предаде Австралиецот Алекс де Минор во четвртфиналето

Scroll to Top