Одбојкарскиот и спортскиот свет во четвртокот наутро го потресе веста за смртта на 18. годишната Јулија Итума. Одбојкарката на Новара и младата италијанска репрезентативка е пронајдена мртва пред хотелот „Волеј“ во Истанбул. Таа го загубила животот откако паднала од шестиот кат во хотелска соба.
По само неколку часа истрага, турските медиуми несреќата ја прогласија за самоубиство.
Новинарите дознаа дека младата одбојкарка била снимена од хотелските камери во периодот од 22:30 до 23:50 часот како оди по ходникот на шестиот кат, разговара на телефон, а потоа нервозено и видно депресивена седи на подот и плаче. Снимен е и моментот кога Итума влегла во собата од која никогаш не излегла.
Околу 5 часот и 30 минути безживотното тело на Јулија било пронајдено на асфалтот пред хотелот. Веднаш била повикана полиција и брза помош, за лекарите да констатираат смрт, па полицијата започнала истрага.
Цимерката на Итума, Јулија Варела Гомес, не слушнала ништо. Спиела кога полицијата ја разбудила.
Italian-Nigerian volleyball star, Julia Ituma, passes on after f@lling from sixth floor of a hotel in Turkey
— Instablog9ja (@instablog9ja) April 14, 2023
Турската полиција веднаш го одзела мобилниот телефон на Јулија, за да ја види неговата содржина и да ги бара причините за несреќата. Итума не беше активна на социјалните мрежи. Тие велат дека имала само 24 објави на Инстаграм заклучно од 2018 година.
Преку разговор со играчите и членовите на стручниот штаб, полицијата открила и дека Јулија нема момче, а ноќта на нејзината смрт имала долг разговор со пријател.
Новинарите беа шокирани од сликата од белите патики на Јулија на местото на трагедијата. Телото на младата одбојкарка веднаш било испратено во Институтот за судска медицина, за да се утврдат точните причини за смртта.
Медиумите претпоставуваат дека италијанската полиција ќе ја продолжи истрагата, бидејќи се сомнева дека причините за самоубиството на Јулија потекнуваат од нејзината родна земја.