Top Sport

Ива Мајоли повторно во финансиска криза

Хрватската поранешна шампионка од Ролан Гарос, Ива Мајоли повторно има финансиски проблеми, откако беше отворен стечај на нејзиниот Тениски центар со долгови од над 100 илјади евра.

Стечајот на центарот доаѓа точно една година откако беше прекинат претходен стечај на 16 декември 2016, кога хрватскиот бизнисмен Ненад Кончар ги покри сите долгови на поранешната тенисерка, во височина од 4 милиони евра.

Мајоли во кариерата освои осум титули, од кои најславна беше победата над Мартина Хингис во финалето на Францускиот опен во 1997 година.

Scroll to Top