Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ работи со поранешниот шампион од Вимблдон, Горан Иванишевиќ пред стартот на овогодишниот турнир на трева, кој почнува во понеделник.
Уште не е јасно дали Иванишевиќ ќе биде постојан соработник на Србинот или ќе работи со него само на Вимблдон, откако ниту еден од двајцата не даде официјална изјава.
Иванишевиќ секогаш имал добри односи со Ѓоковиќ и секогаш ја покажувал својата поддршка, но не е јасно дали е подготвен за постојана работа како замена за Маријан Вајда или ќе биде само помошник.
Goran Ivanisevic aux côtés de Djokovic ? (C’est le monsieur en blanc à côté de Marian Vajda) #wimbledon #TennisExtra pic.twitter.com/QR5QEmA2vB
— Charlotte Gabas (@Chagabs) June 30, 2019