Top Sport

Иванишевиќ ја продолжи „војната“ на Ѓоковиќ со Кирјос

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос веднаш одговори на коментарот што за него и неговата игра го даде тренерот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ.

Хрватот, по постојаните провокации од Кирјос на сметка на Ѓоковиќ, за француски медиум рече дека Австралиецот е посебна личност и неговото присуство е добро за тенисот.


„Не би разговарал за Кирјос како за злобно момче во светскиот тенис, повеќе би сакал да го опишам како човек со силен карактер. Ник е посебна личност, а неговото присуство е добро за тенисот. Тоа што ме загрижува е тоа што Кирјос има дарба да биде број еден во светот. кога го гледате никогаш не знаете што следно ќе направи, непредвидлив е. Во состојба е да одигра три сјајни гема и потоа да застане. Не можам ниту да замислам како би му изгледала кариерата да е посериозен“ – рече Иванишевиќ.

На прашање дали би можел Хрватот да го тренира Кирјос во иднина, Иванишевиќ кратко му вели „Навистина не знам што би му рекол да сум му тренер“.

Кирјос експресно одговори на Твитер:

– „Не знам ниту јас“.
Me neither ? https://t.co/Pko6uMPGVn
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) July 30, 2019

Покрај објавата, контроверзниот тенисер стави и емотикон со кој „се смее“.

Scroll to Top