Кевин-Принц Боатенг, 32-годишниот играч од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина. Таму помина од редовите на италијанскиот прволигаш, Сасуоло кој играчот од Гана минатата полусезона го имаше испратено на позајмица во Барселона.
Трансферот, според информациите од италијанските медиуми, ќе изнесува само 1 милион евра.
„Многу сум среќен што сум овде. Фиорентина вршеше голем притисок и постојано ме бараше. Тоа ми е многу битно, посебно на мои години. Знам дека овде добро ќе се чувствувам, верувам во проектот што се нуди“ – вели фудбалерот.
Боатенг минатата полусезона ја помина на позајмица во Барселона, а за Каталонците последен пат настапи пред 3 месеци, не мечот против Селта кога одигра 72 минути, а Барса загуби со 2-0.
Освен во Барса и Сасуоло, Боатенг во кариерата настапуваше и за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан (во два наврати), Шалке, Лас Палмас и Ајнтрахт Франкфурт.
Титулата што со Барселона ја освои оваа сезона му е втора во кариерата. Првата ја освои со Милан во 2011 година во Серија А.