Ангажирањето на Горан Иванишевиќ во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ не одекна позитивно во Србија меѓу фановите на најдобриот светски играч. Спорни за нив се некои изјави што Иванишевиќ ги давал во минатото, на почетокот на војната во поранешна Југославија.
На оваа тема со Иванишевиќ, во Лондон, разговарал новинарот на „Спортски журнал“. Весникот пишува дека во 90 години, Иванишевиќ бил еден од омразените ликови во Србија, бидејќи заедно со тогашниот претседател на Хрватска Фрањо Туѓман бил еден од најглaсните заговорници за отцепување на Хрватска од Југославија.
Иако рекол дека не сака да се навраќа во минатото и дека повеќе сака да зборува за иднината тој одговрил на прашањата на новинарот.
„Сега јас ќе раскажам што се случуваше. Тоа се случи пред 27 години во Аделаида. Тој турнир секогаш мие во меморијата, беше еден од најстресните во мојата кариера. Постои цела приказна во заднина зошто тоа се случи и што сум рекол јас. Во таа 1992 година прв пат пристигнав во Аделаида и ме чуваше специјалната полиција. Не можев ниту во тоалет да одам, а да не ме следат двајца од нив. Во првото коло ривал ми беше Швеѓанецот Култи. Играше подобро од мене и во еден момент на трибините дојдоа пет до десет момчиња, Срби, кои веднаш почнаа да ме навредуваат. Ми се закануваа дека ќе ме убијат, дека ќе ме заколат, ја навредуваа мојата мајка со највулгарни пцости. Им возвратив, мечот беше прекинат додека не ги избркаа од трибините. Е потоа се случи смешна ситуација. Наместо јас да бидам играчот што не може да го погоди теренот, испадна спротивното, Култи не можеше да се „состави“. По мечот ме праша што се случило“, раскажува Иванишевиќ и открива како дошло до спорната изјава.
„Во текот на таа недела не можев никаде да излезам. Специјалците ме повикаа на стрелиште каде вежбаа пукање. Ми дадоа полу-автоматска пушка да гаѓам подвижни мети. Ништо не можев да погодам. Новинарите дознаа дека беа со нив на гаѓање и ме прашаа како си поминав. Им кажав дека ми беше супер, но дека подобро ќе беше доколку мети биле оние навивачи од мечот со Култи. Новинарот погрешно го преведе одговорот. Погрешно. Да го кажав тоа што сега и овде ви го кажувам но се однесуваше на навивачите од мечот, од кои полудев бидејќи ме навредуваа и мене и мојата мајка. Никогаш потоа не сум имал слична изјава, ниту сум кажал нешто слично, ниту пак сум кажувал нешто притив спортистите и останатите луѓе. Имав причина што ја дадов таа изјава“.
Тој повторил дека никогаш не кажал дека би убива Срби.
„Реков само дека подобро ќе беше тие навивачи да бидат мети на стрелиштето. Тоа го кажав во афект. Такви беа тие времиња. Не беше лесно да се издржи. Не е лесно кога со денови не можеш да излезеш од хотелот, кога си под голем притисок. Никого не сум убил, ниту сум мислел некого да убијам“, завршил победникот на Вилблдон во 2001 година.