Во интервју за британски „The Times“ тренерот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ вели дека српскиот ас никогаш нема да има поддршка како Федерер, но ќе му недостасува на тенисот еден ден кога ќе ја заврши кариерата.
„Мислам дека Новак многу ќе му недостасува на тенисот кога ќе го остави рекетот. Никогаш не бил сакан како Федерер, но мислам дека тоа не му е проблем. Ѓоковиќ има навивачи, го сакаат, но повеќе им се допаѓа Федерер затоа што прв дојде на сцената. Мора да го почитувате сето ова што Ѓоковиќ го направи. Тој освои се. Понекогаш Луѓето го гледаат само она лошо што го направил, а не го гледаат сето она добро што го сторил и колку помогнал. Новак е личност која не се плаши да зборува јавно. Новак Ѓоковиќ е тениски Робин Худ“ вели Иванишевиќ.
Српскиот ас утре игра финале на Вимблдон против Матео Беретини. Игра за својот 20-ти грен слем. Ако победи ќе се изедначи со достигнувањата на Рафаел Надал и Роџер Федерер.