Горан Иванишевиќ, поранешниот хрватски тениски ас, а сега тренер на Новак Ѓоковиќ се огласи од Австралија, каде што светскиот број 1 уште чека да биде пуштен за да може да настапи на првиот гренд слем од сезоната.
Ѓоковиќ уште е изолиран во просторија на аеродромот во Мелбурн, без телефон и со полиција пред врата, и не јасно дали ќе му биде дозволен влез бидејќи нема адекватна виза за влез со медицинско оправдување за невакцинација.
На Иванишевиќ заедно со Улисес Бадио, физиотерапевтот на Ѓоковиќ очигледно му е здодевно.
„Ова не е најобичниот пат тука долу (Австралија)“, напиша Иванишевиќ.