Top Sport

Иванишевиќ: Кога ќе те повика Ѓоковиќ, исто како да те повикале од Реал Мадрид

Новак Ѓоковиќ со сигурна победа во три сета (6/3, 7/5, 6/3) над Филип Колшрајбер ја започна одбраната на титулата на најпрестижниот турнир во светот на тенисот, Вимблдон. На овој меч во стручниот штаб на Ѓоковиќ дебитираше легендарниот Горан Иванишевиќ.

Иако Ѓоковиќ тоа не го најави, медиумите шпекулираат дека Иванишевиќ ќе остане дел од неговиот тренерски тим и по завршувањето на Вимблдон.

„Кога ќе те повика Новак Ѓоковиќ тоа е како да добиеш повик од Реал Мадрид. Тешко е да се каже не. За жал не успеав да ги одложам сите обврски што ги имав од претходно, што значи дека со Новак ќе бидам само во текот на првата недела од Вимблдон. Но тоа нема врска, тој е вистински професионалец. Тешко ми паѓа одлуката порано да заминам но се надевам дека соработката нема да остане само на ова сега. Се надевам дека соработката ќе продолжи“, рекол Иванишевиќ.

Ѓоковиќ во второто коло за противник ќе го има Американецот Денис Кудла.

Scroll to Top