Top Sport

Сарaбија потпиша за Пари Сен Жермен

Еден од најдобрите играчи на Севилја, во претходните три сезони, Пабли Сарабија кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион во вторникот на социјалните мрежи го потврди трансферот. Сарабија со ПСЖ потпишал пет годишен договор.

Официјално на јавноста Сарабија ќе и биде претставен во петок.

ПСЖ за малку пари добија одличен играч. Откупната клаузула во договорот на Сарбија била 18 милиони евра.

Сарабија е продукт на младинската школа на Реал Мадрид, но никогаш не добил шанса да заигра за првиот тим. Пред Севилја тој бил играч на Хетафе.

Scroll to Top