Утре рано наутро по средноевропско време ќе започне церемонијата во американски Њупорт кога хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ ќе влезе во Куќата на славните.
Тој е првиот Хрват на кога ова му успеалео, а друштво ќе му прави легендарната тенисерка Кончита Мартинез.
Во оваа прилика, Иванишевиќ во опширно интервју за „АТП“ зборува за најтешките и најдобрите моменти во кариерата.
Тој вели дека во 2001 година, 6 месеци пред да го освои Вимблдон бил на работ да се откаже од тенисот.
„Си реков себе си `Што правиш, што ти е, престани!`. Пријателот ми рече да не се откажувам и дека ова не е начинот со кој треба да се простам од тенисот. Ми рече дека нема да сум среќен ако сега се откажам. Имав страшно многу успони и падови, моменти кога го допирав дното. Луѓето го гледаат само она убавото, победите и титулите, но тенисот е константна борба. Тоа го прави спортот прекрасен“ вели Иванишевиќ.
На тој фамозен Вимблдон Иванишевиќ на новинарите им рекол дека на турнирот донел тројца Горан – добриот, лошиот и оној за кризни ситуации.
„Не знам што се случи на тој турнир, тоа и понатаму ми е мистерија. Во првата недела сечувствував сјајно, посебно. Чувствував нешто. За да се ослободам од притисокот створив уште двајца Горан. Луѓето се смееја, а јас си реков `Зошто да не!`. Тоа ми помогна во текот на турнирот. И денес по 20 години луѓето ме прашуваат со кој Горан разговараат. Само со еден, тој е доволен. Ми требаа тие Горановци за да го освојам Вимблдон, еден не можеше сам“ вели Иванишевиќ.
На патот до епската титула тогаш како 125. играч во светот хрватскиот ас триумфираше против Карлос Моја, Енди Родик, Фредерик Џонсон и Грег Руседски. Со Тим Хенман во полуфиналето играше 3 дена, а во финалето со 9-7 губеше од Патрик Рафтер во петтиот сет.
„Мислам дека треба да ми дадат некоја диплома за психологија затоа што успеав да се смирам самиот на тој турнир. Тоа фасцинантно. Не е тенисот само форхенд и бекхенд. Мислам дека треба луѓето да се сеќаваат на мене како забавувач. Мислам дека луѓето ќе ме запаметат како тип кој знаеја дека секогаш ќе направи нешто интересно. Ќе го паметите Горан поради кој сте се смееле, плачеле и уживале“ вели тој.