Над 1.600 тркачи, двојно повеќе од минатата година, учествуваа утрово на трката „Скопје трча 10 км“ во организација на Сојузот на спортови на Скопје заедно со атлетскиот клуб „Работнички“ и Атлетската федерација на Македонија.
На „Скопје трча 10КМ“ во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов со 32:47 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:28 минути. Од женските прва беше Адријана Поп Арсова со 38:28 минути, второто место го зеде Милјана Ристиќ со 39:06 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 39:59 минути.
Од штафетната трка најдобри беа NRC – NIKE + RUN CLUB со 40:20 минути, по нив 091RUNCRW & SKIRIS со 45:15 минути и трети завршија H&W-SKOBUL со 45:58 минути.
Фото: Макфакс