Македонскиот репрезентативец Дарио Ивановски не ја заврши маратонската трка на Европското првенство во Минхен. Трката ја започнаа 79 маратонци, Ивановски беше меѓу 17-те што не ја завршија трката.
Маратонската трка беше решена во самата завршница. Победи домашниот натпреварувач, Рихард Рингер (2:10.21 часа). Германецот победи со само две секунди подобро време од Израелецот Мару Тефери, трет трката ја заврши сонародникот на Тефери, Гашау Ајале.
Покрај Ивановски, на Европското првенство ќе настапи и Дрита Ислами. Квалификациите на 400 метри со пречки на програмата се на 17.август.
фото: vesti.rs