Атлетичарот од Парагвај Дерлис Ајала избори учество на Олимписките игри во Токио. Убеден дека тие ќе се одржат ова лето на листот на ногата решил да ги тетовира олимписките кругови со натписот Токио 2020.
Проблемот за Ајала настана во вторникот кога Интернационалниот олимписки комитет ги одложи Игрите за наредната година.
„Дали може некој да ми помогне да ја ставан 2021 година?“, напишал маратонецот на „Инстаграм“.