Младиот италијански тенисер, Јаник Синер го елиминираше 11-от носител на Ролан Гарос, Давид Гофан од Белгија во првата рунда на грен слем турнирот.
Синер кој е 74. на АТП листата во своето дебитантско издание во Париз славеше убедливо со 3-0 (7:5, 6:0, 6:3) по 2 часа игра.
Италијанецот од првиот до последниот гем „господареше“ на теренот, а во вториот сет не му препушти ниту гем на противникот.
Сега Синер го презема местото на Гофан во жребот, па следен противник ќе му е еден од квалификантите Бонзи или Русувори.