Top Sport

Пресврт победа за Барди и Леванте кај Осасуна 3-1

Тимот од Валенсија, Леванте каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди попладнево како гостин славеше триумф во Памплона, кај Осасуна во рамки на второто коло во Ла Лига.

Барди одигра 74 минути на дуелот кој по пресврт му припадна на Леванте со 3-1.

Торес донесе домашно водство од 1-0 во 38 минута.

Само три минути подоцна израмни Мелеро израмнува на 1-1.

Во вториот дел комплетна доминација на гостинската екипа.

Роџер влезе во игра во 64 минута, а 7 минути подоцна промаши пенал.

Истиот играч се извади за грешката па во 77 минута погоди за 1-2.

Конечните 1-3 беа дело на Моралес во 81 минута.

По стартниот пораз од градскиот ривал Валенсија, Леванте ги запиша првите 3 бода во новата сезона.

Scroll to Top