Top Sport

Изнер и Делпо во четврт-финалето на Флешинг Медоуз

Џон Изнер и Хуан Мартин дел Потро ја формираа втората четврт-финална двојка на Флешинг Медоуз. Изнер во осмина-финалето го победи Милош Раониќ, а Делпо беше подобар од Борна Чориќ.

Дуелот на тенисерите што имаат моќни сервиси, му припадна на Американецот, кој втор пат од 2011 година наваму успеа да се пласира меѓу најдобрите осум на Флешинг Медоуз.

Изнер славеше со 3.2 (3:6, 6:3, 6:4, 3:6, 6:2).

За пласман во полу-финалето, Изнер за противник ќе го има Хуан Мартин дел Потро. Аргентинецот за два часа и седум минути, со максимален резултат ја доби пресметката со Чориќ.

Делпо ја искористи повредата на бутниот мускул со која беше соочен неговиот противник и победи со 6:4, 6:3, 6:1.

Scroll to Top