Светското првенство во одбојка кое во првите две фази се играше во Италија и Бугарија, влегува во завршницата. Шест селекции, по исцрпувачките две фази, на „Фајнал сикс“ турнирот во Торино ќе се борат за медалите.

Во самата завршница влегоа селекциите на Италија, Бразил, Полска, САД, Србија и Русија. Денес ждрепката го одреди составот на новите две групи. Најдобрите две од секоја група ќе играат во полу-финалето.
Група И: Бразил, САД, Русија
Група Ј: Италија, Полска, Србија
„Фајнал сикс“ во Торино ќе започне в среда. Натпреварите во И-групата ќе се играат од 17 часот, а дуелите во Ј-групата ќе започнуваат во 20:30 часот.