Top Sport

Тајгер Вудс го прекина пет годишниот пост

Славниот американски голфер, Тајгер Вудс, по пауза од пет години, успеа да освои турнир во рамките на ПГА. Вудс победи на шампионатот во Атланта, што е негов прв триумф уште од 2013 година.

Четири дневните натпревари во Атланта, Вудс ги заврши на првото место, пред Били Хоршел и Дастин Џонсон.

foto: epa

„Ми беше многу тешко, се воздржав да не заплачам кога стигнавме до последната дупка. Бев возбуден што конечно добив можност да освојам турнир. Пет години стоев на 79 освоени турнир, проклето е добро чувството да се освои 80“, рекол Вудс.

Изминатите пет години кариерата на 42-годишниот голфер беа обележани со серија на скандали во приватниот живот, а еден период не се натпреваруваше и поради операцијата на грбот.

Scroll to Top