Извлечени се групите за Завршниот мастерс во сезоната. Најдобрите осум тенисери во сезоната се поделени во две групи, зелена и црвена.
Зелената група ја предводи Новак Ѓоковиќ, Црвената, Данил Медведев.
Противници на Ѓоковиќ во оваа фаза ќе му бидат Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Каспер Руд. Во понедлник од 14 часот Ѓоковиќ ќе игра против Руд, а во вечерниот термин ќе се сретнат Циципас и Рубљов.
Покрај Медведев, во Црвената група се Алексабдар Зверев, Матео Беретини и Хуберт Хуркач.
Мечевите од оваа група ќе го отворат турнирот. Во недела од 14 часот ќе играат бранителот на титулата Медведев против Хуркач, од 21 часот Зверев ќе игра против Беретини.
Завршниот мастерс на програмата е од 14. до 21.ноември.