Маратонката од Уганда Ребека Чептегуи се здобила со изгореници на 75 отсто од телото откако нејзиниот партнер наводно ја полил со бензин и ја запалил.
Веста ја пренесоа локалните медиуми.
Чептегуи е во болница во Елдорет, Кенија, во критична состојба. Нападот се случил во неделата попладне, објавија медиумите во Кенија и Уганда.
Полицискиот комесар, Џеремаја Оле Косиом изјави за локалниот весник „Стар“ дека во нападот бил повреден и Даниел Ндиема Марангаш, со кој Чептеги е во емотивна врска. Целата ситуација тој ја опиша како „семејно насилство“.
Официјално полицијата останува на изјавата дека истрагата е во тек.
Ребека Чептегуи ја претставуваше Уганда во Париз на Олимпијадата, во маратонската трка го освои 44. место.