Во спортот често сме сведоци на херојски подвизи, но малку таквите подвизи можат да се споредат со една Јапонка која со својата пожртвуваност и посветеност кон тимот го воодушеви светот.
19-годишната Реи Лида, во тимскиот маратон, додека ја трчала својата делница долга 3,5 километри, се здобила со фрактура на ногата, но не се откажала од трката.
На колена ползела повеќе од 200 метри само за да ја предаде штафетата на својата тимска колешка, за да може тимот да ја продолжи трката.