Поранешниот олимписки шампион во уметничко лизгање, Алексеј Јагудин смета дека ситуацијата околу пандемијата на корона вирусот е намерно пренагласена од луѓето кои сакаат да паничат, а на крајот единствен победник ќе биде фармацевтската индустрија.
Рускиот четирикратен шампион смета дека медумите намерно ги преувеличуваат последиците од вирусот.
„Се работи за паника! Се извинувам, но луѓето секогаш се разболувале и умирале. Да кажеме дека има епидемија на грип, не изгледа многу опасно, нели? Парите владеат и ги диктираат работите. Секако, потребна е борба против корона вирусот, како против сите болести, но работата не е толку критична како што изгледа“, вели Јагудин.
Јагудин стана олимписки шампион во 2002 година, победувајќи го својот сонародник и главен ривал, Евгениј Плушенко на Олимпијадата во Солт Лејк Сити.