Македонија го освои првиот златен медал во карате на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, откако Берат Јакупи беше најдобар во категоријата до 84 килограми.
На патот до златото Јакупи ги совлада Мерис Муховиќ (БиХ), Микеле Мартина (Италија), Дејан Цвркота (Србија) и во финалето Французинот Џеси да Коста.
Вториот медал на 18. Медитерански игри го освои Жарко Арсовски во каратето во категоријата над 84 килограми, откако во мечот за медал беше подобар од Италијанецот Симоне Марино. Претходно, тој беше подобар од Португалецот Реис Фелипе, а во второто коло загуби од Алжирецот Даики Хусин.
Каратето секогаш бил еден од најуспешните домашни спортови, а радува тоа што на следната Олимпијада во Токио, тој спорт првпат ќе биде дел од официјалната програма.