Top Sport

Јамајка со три посади на ЗОИ во Пекинг

Јамајка со три посади во боб ќе настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг. Покрај посадите во боб, Јамајка ќе има и претставник во велеслалом.

Олимпискиот тим на Јамајка, објави дека три посади се квалификувале за Игрите во Пекинг: четворосед и двосед во машка конкуренција и едносед во женска конкуренција.

Постои можност на Игрите да учествува и женскиот боб двосед, доколку се откаже некоја од поставите кои изборија пласман.

Исто така, Јамајка ќеима претставник и велеслалом. Бенџамин Александер е првиот скијач од оваа земја во Карипското море, кој се квалификувал за едни Зимски олимписки игри.

ЗОИ во Пекинг ќе се одржат од 4. до 20.февруари.

 

Scroll to Top