Кин Јанг е првата олимписка шампионка во Токио. Таа победи во стрелаштво, во дисциплината воздушна пушка.
Финалето беше исклучително интересно, во последниот круг се решаваше победникот. За златото се бореа Јенг и Русинката Анастасија Галашина. Пред последните две серии, Галашина имаше предност од 0,1 круг.
Во последната серија двете натпреварувачки жестоко потфрлија. Соочени со притисокот Јанг погоди 9,8, а Галашина само 8,9.
Јанг имаше вкупно 251,8 кругови, што е нов олимписки рекорд. Галашина заврши со 251,1, додека бронзената Нина Кристен имаше 230,6 кругови.