По Серена Вилијамс, уште една поранешна тениска шампионка ја коментираше четиригодишната суспензија која ја доби романската тенисерка Симона Халеп, откако Србинката Јелена изјави дека „отсекогаш знаела“ дека има нешто сомнително во формата на ривалката.
Халеп доби казна од две години за користење на средството „Роксадустат“ за засилување на крвта и дополнителна двегодишна суспензија за сомнителни информации во таканаречениот „биолошки пасош“.
„Луѓето одбиваа да го признаат тоа, но јас секогаш знаев дека сум вистинската шампионка на Индијан Велс во 2015 година. Суспензијата на Симона го потврдува тоа. Сите го знаеја тоа“, напиша поранешната српска тенисерка на социјалните мрежи.