Откако саботниот спуст го заврши само на 13. место, норвешката ски-машина, Кјетил Јансруд доминираше на супер-џи трката во канадскиот ски-центар Лејк Луис победувајќи го австрискиот ривал, Винсент Крихмаер, додека третото место го освои швајцарското изненадување, Мауро Кавиецел.
За 33-годишниот Јансруд ова е фантастична 12. победа во супер-џи во кариерата и вкупно 22. триумф од Светскиот куп во скијање.
Super-G victory for Kjetil Jansrud in Lake Louise – great performance! pic.twitter.com/HERfEwZ3FU
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 25, 2018
Неговиот норвешки сонародник, Стиан Саугестад немаше толку среќа како Јансруд, но предизвика најмногу воздишки во Алберта, откако при неговиот спуст за малку ќе го „утепаше“ камерманот.
Dangerous jobs:
1-Pro ski racer
2-Pro ski camera operator pic.twitter.com/zB36KFdpLO— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 25, 2018
Here’s the results for the Men’s Super G after the Top 30. Congratulations to @Kjansrud #VincentKriechmayr #MauroCaviezel #fisalpine pic.twitter.com/7Bhhk2CtKK
— FIS Ski WC Results (@SkiingResults) November 25, 2018