Top Sport

Јапонија од ОИ ќе биде во минус од 16 милијарди долари

Професор од јапонскиот универзитет Кансаи, пресметал колку организаторот на Олимписките игри во Токио ќе биде во минус, по одлуката на Владата, на борилиштата да нема публика.

Професорот, Куцихиро Мијамото, пресметал дека организаторот ќе остане без 16 милијарди долари. Шест милијарди долари, организаторот ќе загуби во текот на ОИ, бидејќи нема да има публика на трибините, а минус од 10 милијарди долари ќе има по завршувањето на најголемиот спортски настан во светот.

Јапонците, на 12.јули воведоа вонредна состојба поради влошувањето на епидемиолошката ситуација во земјата.

Публика нема да има на трибините, без гледачи ќе се одржи и свеченото отворање на летните олимписки игри. На трибините ќе има само 1.500 ВИП гости.

Scroll to Top