Top Sport

Роналдо знае за кој клуб никогаш не би играл

Кристијано Роналдо, проговорил за медиумските шпекулации кои го поврзуваат со трансфер во Манчестер сити. „Граѓаните“, во преодниот рок, се во потрага по напаѓач, откако по заминувањето на Серхио Агуеро останаа само со Габриел Жесус.

Хари Кејн е прва желба на Пеп Гвардиола, но овој трансфер ќе биде тежок за реализација. Тотенхем нема да го пушти капитенот за помалку од 160 милиони евра.

Поради тоа се појавија шпекулации дека на „Етихад“ размислувале за Кристијано Роналдо.

„Да играм за Сити, а не за Јунајтед? Никогаш нема да го направам тоа. Зошто? Моето срце е во Манчестер јунајтед“, рекол Роналдо и дополнил.

„Можам да кажам дека би било многу, многу, многу тешко да се носи дресот на Манчестер сити. Би било тешко поради Манчестер јунајтед.“

Барем засега Роналдо останува во Јувентус.

Scroll to Top