Британецот Сајмон Јејтс го зацврсти водството во генерален пласман на Џиро Д’Италија со историска победа на митската етапа Гран Сасо, додека неговиот сонародник Крис Фрум се „скрши“ под притисок во финишот на деветтата етапа за да испадне од топ 10 пред првиот ден за одмор.
Јејтс се ослободи од сите ривали во близината на највисокиот врв на Апенините за своја прва етапна победа со „маља роса“, победувајќи ги Французинот Тибо Пино (ФДЈ) и својот колумбиски колега Естебан Чавес (Мичелтон-Скот).
Јејтс сега има 32 секунди пред Чавес во генерален пласман, откако актуелниот шампион Том Думулин (Санвеб) потфрли во последниот километар. Тој заостана 12 секунди зад Јејтс во етапата за осмо место, за да падне на третото место со 45 секунди послабо време од Британецот.
Најголем „лузер“ на денот беше актуелниот шампион од Тур де Франс и Џиро Д’Италија, Фрум, кој не успеа да одговори на забрзувањето на ривалите и сега има над 1 минута заостанување зад Јејтс за да испадне од топ 10.
'You only have to be in front once… and that is at the line!' ?
Simon Yates attacks to take the stage victory and extend his overall lead in the race! ⏱#Giro101 pic.twitter.com/mn6tuksJwT
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 13, 2018