Поранешната светска и олимписка шампионка во скок со стап, Русинката Јелена Исинбаева испрати порака со поддршка до сите спортисти во светот по одложувањето на Олимписките игри во Токио за следната 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот.
„Драги спортисти, точно знам како се чувствувате поради веста за одлагањето на ОИ. Бескрајно долго и болно изгледа да се чека цела година до настап на ОИ, но да се обидеме да ја најдеме позитивната страна на целата оваа приказна. Вие и вашите тренери ќе имате повеќе време за подготовки за она што ве очекува. Она што исто така е многу важно, Олимписките игри не се откажани. Одлуката за одлагање е донесена пред се во интерес на спортот. Затоа мора да бидеме трпеливи, пазете на своето здравје и немојте да паничите“ – напиша Исинбаева на Инстаграм.
ОИ кои требаше да се одржат годинава во Токио, од 24 јули до 9 август се одложени за идната година, а терминот на одржување дополнително ќе биде соопштен.