Top Sport

Јохан Блејк: Не одам на Олимпијада ако морам да се вакцинирам

Јохан Блејк, еден од најдобрите јамајчански спринтери и освојувач на четири олимписки медали, вели дека ќе ја пропушти Олимпијадата во Токио ако мора да се вакцинира против КОВИД-19.

Поранешниот светски шампион на 100 метри, кој беше најавуван како наследник на Јусеин Болт, вели дека има свои причини за ваквиот став.

„Мојот ум уште стои на тоа, не ја сакам вакцината. Повеќе би сакал да ја пропуштам Олимпијадата отколку да се вакцинирам. Среќен сум вака. Не сакам да објаснувам зошто е така, но имам мои причини“, вели 31-годишниот Блејк.

Блејк освои сребро на 100 и 200 метри на ОИ во Лондон во 2012 зад сонародникот Јусаин Болт, и беше дел од штафетата 4х100 метри кој освои злато на таа Олимпијада и во Рио четири години подоцна.

Scroll to Top