Top Sport

Јоханес Бо со второ биатлонско злато во Пекинг, неговиот брат со бронзата!

Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стигна до својот втор златен медал на Олимпијадата во Пекинг, триумфирајќи на биатлонскиот спринт на 10 километри во Жангџијаку, додека неговиот брат Тарјеј го освои бронзениот медал.

Бо, кој претходно ја предводеше норвешката штафета до фантастичен триумф, имаше две промашување при трите посети на стрелиштето, но беше супериорен во скијањето за да победи со време од 24:00.4, дури 25.4 секунди пред Французинот Кентин Фијон Маје, додека Тарјеј Бо заостана 38.9 секунди. Тројцата имаа по едно промашување, додека на четвртопласираниот Русин Максим Цветков му избега медал за 1.7 секунди иако беше совршен на стрелиштето.

28-годишниот Бо е трикратен шампион од Светскиот куп во биатлон (2018/19, 2019/20, 2020/21), а ова му е трето злато на Олимпијадите, откако во Пјонгчанг пред четири години триумфираше на индивидуалната трка.

Scroll to Top