Top Sport

Јонгелс победи на деветтата етапа на Тур де Франс

Велосипедистот од Луксембург Боб Јонгелс е победник на деветтата етапа на „Тур де Франс“, која се возеше од Ејгл до Шател Ле Порта де Соле. Полуридската делница долга 193 километри ја мина за четири часа, 46 минути и 39 секунди.

На подиумот, покрај Јонгелс се најдоа и двајца Шпанци. Џонатан Кастровехо ја мина целта втор со 22 секунди заостанување зад победникот, додека Карлос Верона беше трет со 26 секунди заостанување.

Бранителот на титулата, Словенецот Тадеј Погачар ја заврши етапата на петтото место и со тоа ја зголеми предноста пред второпласираниот Данец Јонас Вингегард. Во генералниот пласман, Словенецот има предност од 39 секунди.

Понеделник е ден за одмор на Тур де Франс, следната десетта етапа е закажана за вторник, ќе се вози од Морзине до Мезве.

Scroll to Top