Кејлеб Јуан е победник на 16 етапа на Тур д’Франс, која се возеше по екстремно висока температура на воздухот од 40 степени Целзиусови.
Австралискиот велосипедист етапата долка 177 километри чија цел беше во Ним ја мина за пет часа, 57 минути и осум секунди.
Второто место го освои Елија Вивијани, а трет етапата ја заврши Дилан Греневеген. Возачот на Квикстеп, Жулијен Алафилип ја задржа жолтата маичка како лидер во генералниот пласман.
Актуелниот шампион на Тур д’Франс, Грејант Томас, инаку втор во генералниот пласман имаше незгоден пад. Тој и покрај повредите ја заврши етапата, а од неговиот тим Инеос се надеваат дека ќе може да се подготви за трите планински етапи во Алпите.
Наредната 17 етапа е долга 200 километри и ќе се вози ос Понт-ду-Гар до Гапо.