Австралијците, воглавно со српско потекло, повторно се собраа пред хотелот „Парк“ во Мелбурн, каде што Новак Ѓоковиќ го поминува својот четврти ден во исчекување на одлуката за неговата жалба за одбивањето на австралиската виза.
Секако, повторно имаше оро, хармоника, српски знамиња и транспаренти со поддршка за Ѓоковиќ, но една фотографија привлече посебо внимание – еден од протестаните на себе го имаше хрватскиот фудбалски дрес, додека на главата носеше капа со симболите на Србија.