Швајцарецот Даниел Јул ја забележа својата трета победа во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање, триумфирајќи на легендарната патека Штрајф во австрискиот ски-центар Кицбил, за да стане првиот Швајцарец со слаломска победа таму по пауза од 52 години.
Јул беше втор по првото возење зад норвешкото изненадување, Лукас Братен, но скијачот со стартен број 34 не ги заддржа нервите во второто возење и на крајот заврши како трет. Јули имаше комбинирано време од 1:41.50, за 0.12 секунди пред домашниот фаворит, Марко Шварц, додека третото место отиде кај Французинот Клемен Ноел со 37 стотинки послабо време.
Со победата, Јул се доближи на првото место во генерален пласман во слалом – тој сега има 435 поени, додека Норвежанецот Хенрик Кристоферсен останува прв со 452 поени по петтото место, а Ноел е трет со 400 поени. Во генерален пласман за големиот кристален глобус, Кристоферсен е прв со 741 поени пред сонародникот Александер Омод Килде (700) и Австриецот Матијас Маер (692).