Top Sport

Јул победи во Шамони и влезе во историјата во Светскиот куп

Швајцарскиот скијач Даниел Јуле победи во Шамони во слалом, во рамките на Светскиот куп. До победата дојде на сензационален начин, бидејќи по првата трка беше на 30. позиција.

За прв пат во историјата се случи некој да направи таков скок и на крајот да победи.
Јул победи со вкупно време 1:36.24, што беше за 0.16 побрзо од Лоик Мајер и 0.18 побрзо од Клемонт Ноел.

Пред Јул, најголем скок во поредокот, по првата трка досега имаше Норвежанецот Лукас Братен, кој победи во Венген во 2022 година и покрај тоа што беше само 29-ти во поредокот по првата трка.

Организаторите во Шамони викендов имаа големи проблеми со високите температури и недостатокот на снег.

Следниот викенд во Банско се закажани трки во слалом и велеслалом.

Scroll to Top