Чеченскиот лидер Разман Кадиров уште еднаш го предизвика „ѕверот“ Александер Емелианенко на дуел во боксерскиот ринг или ММА кафезот, ветувајќи дека ќе го нокаутира со еден удар, покажувајќи ги потезите во вежбалната.
38-годишниот контроверзен ММА ветеран Емелианенко покрај своите квалитети во ММА кафезот во последно време е попознат по проблемите со законот, откако одлежа казна за силување, а потоа беше уапсен за возење под дејство на алкохол.
Со снимка на која тренира со поранешниот УФЦ фајтер Абдул-Керим Едилов, 43-годишниот Кадиров вети нокаут.
„Не е шега. Александер Емелианенко е силен и искусен фајтер со голем потенцијал, а знам дека доби добри вештини тука во Грозни во клубот ’Ахмат’. Веќе му понудив дуел и како што гледате не се шегував. И пред Нова Година се подготвувам со Абдул-Керим, кој е искусен фајтер. Нема да ја кријам тактиката, ќе го нокаутирам со еден удар во средината на петтата рунда. Му порачувам да се подготви добро“, вели Кадиров.
Чеченскиот лидер Кадиров го предизвика Емелианенко на ММА меч! (видео)